Шарпланецот, кој српскиот претседател Александар Вучиќ ќе му го подари на неговиот руски колега Владимир Путин, како што пренесоа медиумите, го топи и најтврдото срце. Но, шарпланинецот по име Паша, можеби носи и посебна порака.

Станува збор за раса, која ја красат многу карактеристики, а особено, според кинолозите, дека е одбранбено кучето, одличен чувар на стадото, кој не знае за страв и не дозволува ништо да му се случи.