Лас сиервас, перуанска рок група од девет моханињи чии песни на Јутјуб ги гледаат милиони, ќе свират пред папата на Светската младинска средба. Средбата ќе се одржи во крајот на јануари во Панама.

Монахињите досега двапати свиреле пред папата Франциско – во Мексико во 2016 година и во Перу во 2018 година за време на неговата посета на Јужна Америка.

Нивниот прв клип на ЈуТјуб „Confia en Dios“ (Верувај во Бог) го гледале на 1,7 пати, а вториот Hoy despierto (Денеска се разбудив) – над два милиони пати.

Во превод името на рок групата е – слугинки. Групата е формирана во 2014 година.