Во селото Горњи Таванкут во Србија се случи трагичен инцидент во кој животот го загуби еден маж, откако бил нападнат од бик, пренесуваат српските медиуми.

Според првичните информации, несреќата се случила во дворот на семејниот имот, а околностите под кои дошло до нападот сè уште се утврдуваат.

На местото на настанот интервенирале надлежните служби, а полицијата извршила увид за да ги утврди сите детали поврзани со случајот.