Бил Гејтс ја предвиде појавата на вирусна епидемија во Кина пред една година, забележувајќи дека 33 милиони луѓе ширум светот би можеле да умрат во првите 6 месеци. Основачот на „Мајкрософт“ предупреди дека нашата планета е во опасност заради брзо ширење на суперпатогени и ние треба да се подготвиме за нив како за војна.

Говорејќи на конференцијата организирана од медицинската заедница во Масачусетс, Гејтс рече дека е оптимист, но има една област каде светот „не постигна особено голем напредок, а тоа е подготвеноста за пандемија“.

„Во случај на биолошки закани, нема чувство за брза реакција. Светот мора да се подготви за пандемии на ист начин како што се подготвува за војна“, рече тој.

За време на неговиот говор, милијардерот филантроп претстави сеопфатна студија која покажува колку брзо може да се шири нова болест. Тој објаснуваше за колку време вирусот може да го опфати целиот свет и да убие 33 милиони луѓе.

Една година подоцна, кога се соочуваме со вистинската закана, бројот на засегнатите нации речиси двојно се зголеми во текот на ноќта. Прелиминарните студии покажуваат дека коронавирусот им бил пренесен на луѓето од змии на пазарот за риби во Вухан.

Според Светската здравствена организација, велат дека речиси 3/4 од потврдените случаи биле регистрирани кај лица над 40 години. Експертите предупредуваат дека коронавирусот може да биде смртоносен како и „шпанскиот грип“ во кој загинале 50 милиони животи.