Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс изјави дека коронавирусот го гледа како личен непријател и дека постојано се прашува дали е попаметен од нас и како може да не измами.
– Сè ќе беше полесно доколку споделиме знаење и си помагаме, но имаше поголеми поделби отколку што очекував. Тоа е човечка природа. Пандемиите го покажуваат најдоброто и најлошото кај луѓето. Некои поединци и земји сметаа дека имаат право да бидат први вакцинирани. Ги вакцинираме младите и децата во развиените земји, додека постарите Африканци и Латиноамериканците се без вакцинација, рече тој.
Во интервју за Еј-Би-Си, тој истакнува дека во последните две години вложил максимални напори за да го победи коронавирусот.
– Неколку генерации минуваат низ настани кои предизвикуваат загуби од милијарди долари и десетици милиони смртни случаи. Ниту еден земјотрес или пожар не предизвика толкава штета. Сепак, бевме поподготвени да се справиме со земјотреси и пожари. Секоја година трошиме милијарди за одбрана, а речиси ништо за заштита од пандемии, рече Гејтс, додавајќи дека со часови проучувал статистики за одговорот на вирусот во секоја земја.
– Затоа што секогаш сакам да знам цврсти факти. Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на почетокот добро реагираа“, вели тој. Но, земјата што најмногу го импресионираше е Виетнам, поради нејзиниот здравствен систем, порака до населението и стапката на вакцинација од 98 проценти. – Тоа е посебен случај, оцени Гејтс.
Заговорник за „затворањата“, тој објаснува дека нивните ефекти тешко се проценуваат. – На пример, во Шведска ограничувањата беа умерени, но населението се однесуваше одговорно, како да е во „локдаун“.. Од друга страна, во САД, поригорозни мерки, но многумина ги прескокнаа. Хонг Конг е уште еден необичен случај. Затворањата ги спроведоа на одличен начин, но кога омикрон пристигна, стапката на вакцинација за луѓето над 65 години беше 35 отсто, болна бројка. Јапонија е единствена поради нејзината опсесија со маски.Таа е земја со најмногу постари, но не се дебели – и запомнете дека ризикот од смртима многу врска со дебелината и дијабетесот, рече Гејтс.
Бил згрозен кога видел дека толку луѓе се однесуваат нерационално и дека антиваксерите отворено го мразат.
– Фактот што ве етикетираат како некој што игра злокобна улога во оваа пандемија е вџашувачки. Факт е дека работам во светот на вакцините и имам многу пари. Но, идејата дека сакам да ги контролирам човечките тела е луда, рече тој.
Бил Гејтс признава дека се чувствува малку виновен што ја преживеал пандемијата подобро од речиси сите други.
– Имам совршена интернет конекција, големи куќи, приватен авион каде што нема ризик од инфекција. Можев да ги видам моите деца. Беше многу полошо за другите луѓе, особено сиромашните, се разбира, вели Гејтс.