Како што пренесува 1 ТВ, актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец, вечерва била пронајдена мртва во стан, околу час и половина пред полноќ.

Според телевизијата, таа била пронајдена обесена. Телевизијата се повикува на свои извори во МВР.

Веста ја пренесоа повеќе медиуми, но според нив, МВР не дало повеќе информации за случајот освен дека нема други знаци на насилство.

МВР најавило повеќе информации во тек на денот.

Беличанец имаше 45 години. Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.

Родена 1973 година во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработила во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје.

Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017.

Таа е мајка на две деца.