Платите на функционерите нема да се намалат, туку минимално ќе се зголемат, објавува АЛСАТ. Иако беше спречен пораст од 15,3%, законските измени донесоа и минимално покачување.Дел од функционерите со февруарската плата ќе добијат минимално зголемување од 500 денари, а останати и до 2000 денари. Разликата зависи од коефициентите . Просечната плата во претходната година, во 2023 година изнесуваше 36.614 денари нето. Следната година, кога ќе се зголеми просечната плата ќе се зголемат и платите на државните функционери. Со промената на пакетот од 6 закони кои стапија на сила, платите на функционерите се коригирани .

ПРОМЕНА НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ВО РОК ОД 1 ГОДИНА

Економистот Сами Бислими, вели дека законските измени се направени за да се ублажи револтот на граѓаните по огромниот раст од 78%. Тој вели дека платите на функционерите се најмалото зло, споредено со другите кражби во државата.

„Како може да имаме такви лидери кои не постапуваат во интерес на државата и граѓаните? Имаме европски плати за функционерите, а платите на работниците се африкански. Тоа се случајни функционери на кои им се даде шанса да заработат пари, да стекнат богатство со плати, тендери, разни работи и ја користат можноста, бидејќи нашиот народ отсекогаш имал традиција да оди со наведната глава” рече Сами Бислими, економски експерт.

За 200 директори директно именувани од Владата ќе треба да се донесе одлука за намалување на коефициентот на нивните плати на владина седица, бидејќи тие не се вклучени во ниту еден од 6 изменети закони. /Alsat.mk