Ден по одмрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти, најголема разлика има кај кашкавалот и месото, кои се продаваат поскапо за 50 до 100 денари по килограм, но и на брашното, овошјето и зеленчукот.

Дел од маркетите, пак, како што објави ТВ Сител, подготвуваат нови цени за од понеделник.

– „Полни очи, празни раце“ – ќе ви речат граѓаните кои попладнево го искористија топлото време да испазарат пред утрешниот наработен ден.
Пазарниот инспекторат вчера ги замоли трговците да продаваат по стари цени доколку има можност, но нема начин да казнува доколку има поскапувања, објави ТВ Сител.

Поради тоа од Организацијата на потрошувачи повикаа цените да бидат замрзнати додека не се донесе Законот за нефер трговски практики оти во моментов трговците можат да си зголемуваат цените колку што сакаат, без да сносат одговорност.

Во трка со цените овој месец ќе одат и минималната плата и пензиите. Минималецот ќе изнесува 22.500 денари, а пензиите се очекува да бидат зголемени за 5 отсто. Најниските пензии ќе пораснат за скромни 600 денари, а највисоките за 3.000 денари.

Извор: ТВ Сител