Нафта немаме, природен гас немаме, имаме хидроенергија од која зависиме од Господ, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски.

РКЕ денеска го објави калкулаторот со кој секое семејство може да си пресмета колку струја ќе троши ако биде по блокови, а Бислимовски рече дека Македонија е енергетски сиромашна земја.

– Нафта немаме, природен гас немаме, имаме хидроенергија од која зависиме од Господ. За јагленот, производството на термо-електраните треба да се користи додека го имаме, но производната цена со овој квалитет на јаглен ќе расте. Исто така, дополнително се увезува јаглен. А во овој период се надминува со инвестиции во фото-волтаици, рече Бислимовски.