Мерните станици за квалитет на воздухот од Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево покажуваат дека едни од најзагадените градови во Македонија се Струмица со измерени 389 mg/m3, Кочани со 301 mg/m3 и Гевгелија со 237 mg/m3, пренесува скопска Република.
По нив следуваат и скопско Лисиче со измерени 230 mg/m3, Кичево со 225 mg/m3 и Ректорат со 208 mg/m3
Скопје, Тетово, Куманово и Кавадарци се меѓу најзагадените градови во светот. Доколку ПМ10 честичките два дена едноподруго го надминуваат прагот над 175 ПМ10 тогаш Владата излегува со препораки.
Да се ослободат од работа бремените жени, лицата над 60 години како и лицата со хронична астма
Да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено
Вршење чести контроли на филтрите
Според истражувањата греењето е една од причините за загаден воздух, бидејќи најголемиот дел граѓани во Македонија се греат на дрва.
Бројот на домаќинства кои се греат на дрва се зголеми откако населението се уплаши поради можните рестрикции на струја и поради најавеното нејзино поскапување.
Со тоа пропадна кампањата со која, заради намалување на загаденоста, власта го убедуваше населението и даваше субвенции, да се префрли на греење на инвертер клима уреди, не обезбедувајќи доволно електрична енергија од сопствени извори за да не мора да купува во странство по енормно високи цени кои владеат во моментот.
Од друга страна возилата се втора причина за загадениот воздух.