Во врска со цената на струјата, како што рече Битиќи, оптимизмот се должи на тоа што се покажало дека ако малку подобро се организираме можеме да го зголемиме и домашното производство.
-Сметам дека тоа што требаше законски да се случи, да се врати ДДВ од 10 на 18 проценти може да има мало вијалние, но правиме напори влијанието да е навистина многу мало, порача Битиќи.
Започнување на работа на терен за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во државата, за изградба на коридорите 8 и 10 Д, Битиќи очекува за неколку месеци.
-Динамиката е таква, во првите неколку месеци се прават испитувања на подлогите, се прават проектите и се носат на одобрување за да почне реалната реализиција. Се прават финалните подготвки за Тетово-Гостивар и Прилеп-Битола, реално очекувам за 2-3 месеци да видиме работа на терен и кога ќе почне нема да застане, таква е динамиката на оваа компанија да биде брза во изградбата на автопатските решенија, рече Битиќи, додавајќи дека според договорот 51 процент од подизведувачите треба да бидат домашни и тоа со должно внимание ќе се следи.