Вицепремиерот Фатмир Битиќи изјави дека за само 1,5 година политиките на власта ги дигнале пензиите за 25 отсто за 330.000 пензионери.

-Од овој месец сите пензионери добиваат историско покачување на пензиите од 8,4 проценти. Ова е второ покачување на пензиите за само неколку месеци или вкупно околу 16%. Со тоа просечната пензија која досега изнесуваше 17.666 денари, се зголемува на 19.150 денари, односно за околу 1.500 денари повеќе. Во оваа 2023 година освен сегашното мартовско усогласување на пензиите, уште едно ќе следи во септември, усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата. Со што, за само година ипол социјалдемократските политики носат 25отсто повисоки пензии за сите 330.000 пензионери, вели Битиќи преку социјалните мрежи.

Според вицепремиерот, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ била јасна и очигледна.

-Тоа нашите граѓани го забележуваат и во нивниот домашен буџет, објави Битиќи на Фејсбук.

Вицепремиерот во „историските“  покачувања не го споменува и навистина историскиот процент од 80-тина отсто повисоки плати за политичарите, пратениците и функционерите.