Русија ќе ги затвори своите граници од 30 март во обид да го спречи ширењето на коронавирусот, соопшти денеска руската Влада.
Мерката ќе се однесува на сите возила, железничките и пешачките контролни пунктови, како и на руските поморски граници.
Од оваа мерка ќе бидат изземени само руските дипломати и возачите на камиони.
Русија веќе ги прекина меѓународните летови.
Во Русија досега се пријавени 1.264 случаи на заразени со коронавирус.