Рашковски и Николовски во Мексико и Дубаи, за одмор трошат колку за еден стан, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека во најава е нов карантим за викенд и затворање на границите врвот на власта тера луксузни одмори на тропски дестинации. Рашковски наместо да одговара за криминал, замина за Мексико, каде еден одмор е околу 20 илјади евра. Николовски заврши со путерот, се измории отиде во Дубаи, каде одмор чини до 10.000 евра. Рашковски и Николовски напуштаат земја во кризна состојба, среде здравствена криза и полициски час. Народот нема леб да јаде, и едвај крај со крај сврзува, а луѓето на Заев трошат десетици илјади евра за одмор, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Рашковски синоќа изјави дека со семејството е во Мексико на одмор. Николовски, пак, деновиве имаше „напорна антикорупциска битка“ со путер со изминат рок на употреба, со кој беше направен спектакл на депонијата Дрисла во Скопје.