Два хеликоптери од рано изутринава дејствуваат на опожарените подрачја северно од Охрид, црпејќи вода од езерото и гасејќи ги пожарите над селата Косел и Опеница.
Од воздух се дејствуваше и вчера во текот на целиот ден, со хеликоптери и со три авиони ер-трактор.
На терен се распоредени и екипи на Територијатната противпожарна единица, на општинските јавни претпријатија, на Подружницата на ЈП „Македонски шуми“, како и месното население во обид да се контролираат пожарите.
Со механизација направен е појас околу најкритичните места, за да се спречи ширење на пламенот од сртовите што се покриени со нискостеблести растенија кон боровата шума што доколку биде опожарена мошне тешко се гаси.