Хеликоптерите на Одделот за воздухопловни единици на МВР во текот на денот фрлија преку 105 тони вода врз пожарите кај село Семениште, Јасен и во Светиниколско.
Како што соопшти МВР, хеликоптерот Ми-171 дејствуваше во реонот на Свети Николе-Пробиштип и Јасен, а хеликоптерот Бел-412 дејствуваше во реонот на Сарај, кај село Семениште.
Попладнето вчера во Македонија активни беае девет пожари од кои најтешкиот е на Осоговските планинини кој е на недостапен терен, а нови пожари се регистрирани на териториите на Охрид и Скопје, вели во видео порака директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
-За жал дури и денес на Илинден, на територијата на државата беснеат девет пожари на отворено и шумски пожари. Пожарот на Осоговските планини, кој беснее на територијата на Општина Пробиштип, во атарот на селото Зеленград, бидејќи се одвива на исклучително тешко пристапен терен и повеќе денови ни задава главоболка, иако дејствувавме во повеќе наврати во воздухоплови, дејствувавме и од земја, денеска одлучивме да го нападнеме со концентриран број на хелихоптери. Во текот на утрово, но и во текот на остатокот на денот овде ќе делуваме со осум хелихоптери – три македонски (два армиски и еден полициски), еден српски, два унгарски, еден словенечки и еден чешки, кажа Ангелов.
Тој наведе дека тежок пожар има и во општина Македонски Брод, во атарот на селата Тажево и Брезница, кон Јасен, кој се одвива неколку дена на тешко пристапен терен.
-Овде утрово го испративме да дејствува полицискиот хелихоптер МИ 171, но и тимот од Унгарија кој пристигна како помош од странство со ЕУ механизмот, составен од 46 искусни пожарникари, од кои некои користат специјални теренски возила со кои можат да се пробијат на најтешко пристапните места. Исто така, од земја гасат и 50 припадници на Армијата со поддршка на 20 локални пожарникари и месно население, вели Ангелов.
Според него, тешко оди гасењето и на пожарот на Илинска Планина, каде утрово интервенираат три ертрактори, а се дејсвува и од земја.
Во Пробиштип има уште еден пожар, кадешто дејствуваат Армијата со поддршка на локалното население.
Во Пласница огнот е ставен под контрола и се работи на негово догаснување, а исто така и пожарот во борова шума во Пехчево од утрово е под целосно контрола и се делува на догаснување на огнените точки.
Предмалку избил силен пожар и на територијата на Општина Охрид, во атарот на селото Косел, којшто има опасност да влезе во борова шума, поради што ЦУК таму пренасочиле еден хелихоптер.
Пожари има и на територијата на Скопје – во општина Зелениково и кај селото Љубанци.
-Планот којшто го изготвуваме за употреба на леталата, но и другата странска помош и домашните сили, е еластичен и го прилагодуваме на моменталната состојба. За жал ова лето имаме рекорден број на пожари. Во текот на јули дури 620 пожари на отворено и шумским пожари од кои 611 се изгаснати. Рекордот беше на 29 јули кога имавме 66 пожари во еден ден, вели Ангелов.
Тој упати благодарност до сите држави кои ни помагаат во справувањето со пожарите, како и до домашните пилоти, пожарникари, припаднци на плицијата и армијата и доброволците.
Фото: Принтскрин