Баерн е уште еден клуб кој има интерес за десниот бек на Арсенал, Ектор Белерин. Германските гиганти бараат играч за оваа зона на нивна одбрана и клубот е насочен кон Шпанецот, пишува „Мирор“.

Сепак, Баварците можат да се соочат со сериозна конкуренција за потписот на 25-годишниот играч. Тој е посакуван и од Пари Сен Жермен, кој веќе даде понуда вредна 30 милиони евра, која беше одбиена.

Се проценува дека Британците за него сакаат 40 милиони евра.