Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман ќе го користи Лионел Меси како „лажно десно крило“ во формација 4-2-3-1.

Според „Мундо Депортиво“, Куман се надева дека Меси ќе се движи по целата линија на напад, барајќи можност за додавање или удар. Тренерот сака играчот да се концентрира на нападот, а не да влегува во средниот ред за да ја добие топката.

Идејата е Лео да почека за пасови од неговите партнери и да биде ослободен од работата во одбраната.

Вчера Меси го одржа својот прв тренинг под водство на новиот тренер.