Вчера се случи еден преседан во Град Скопје. Колиционерите, очебијно и видливо од авион, не гласаа за кандидатот за ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Не гласаа ни сите кои го гласаа кандидатот во првиот круг,веројатно убедени во победата, па не се помачија да излезат. Си правеа скара, шетаа по Грција, не сакаа да си го пореметат лезетот. Но не гласаа. Да, сите знаеа дека Орце ќе победи, па си „свиркаа“, пишува Курир во анализата за изборите во Скопј.

Од друга страна, се случи и друг преседан. СДСМ и ДУИ покажаа дека се во коалиција со Левица. На дело, преку несудениот политиколог и градоначалник Амар Мециновиќ. И сите како на копче си гласаа за демек „лутиот противник“. Бадијала, да, ама историјата се повтори. Ако, вака барем Амар можеби ќе смогне сили да го заврши факултетот, со кој пустиот се мачи веќе 11 години. Ќе јаде време и ќе му дојде ум. На ДУИ и СДСМ, пак, и по овој дебакл нема да им дојде ум, тоа сигурно.

Порано, беа балистите и врховистите против ВМРО. Денеска се ДУИ и СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ.  Заедно со Левица, кои од ѓоамити револуционери,  станаа бедна паричка за поткусурување и политиканти. Читај ФОЛИРАНТИ.

Свесноста на комуњарите од СДС дека Левица ги гази, не беше посилна од чувството и желбата да му се наштети на ВМРО-ДПМНЕ. Едноставно, така се скроени. Непријателот на нивниот непријател секогаш е пријател за нив. Макар бил и Левица. Анти НАТО, контра ЕУ, против нив. А зинати за нивното членство, кое го гледаат како локумче. И башка, си го лапкаат без усул. Но шансата да удрат по тридеценискиот „душман“ надвладеа. Како и секогаш…

И ДУИ не се надминаа себеси. Ако некогаш плукале по некого, тоа била Левица. Имаа изјави од формат на „Војна и мир“ со плуканици и повраќаници по Левица. Чедата на Апасиев и две такви дела контра Ахмети, море три. Но тоа не ги спречи и нив да си гласаат како попчиња контра лошите Вмровци. Или како оџи, де. Глас контра оние лошковците кои не ги земаа во влада и ги сторија опозиција. И си гласаа. Со песна. Шота башка…

И така, она штого слушавме со месеци стана ачик и јаве. Коалиција ДУИ, Левица и СДСМ.   Иста ситуација кога „лидерот“ од Муртино собра се’, и шуто и рогато за да ги победи во 2017-та. И не победи.  Како и престолонаследникот му Венко со пајташите Димче и Алија.

Бадијала. Историјата се повторува.

И покрај ситуацијата сами против сите, со „коалиционерот“ ВРЕДИ по дома, ВМРО-ДПМНЕ со македонскиот дел од коалицијата со Орце оствари историски резултат. Во поселдните три круга избори за градоначалник на Град Скопје никој не победил со 34.000 гласа разлика, каква што е математиката меѓу него и Амар.

За споредба, „натпартиската“ Данела во 2021-та го победи Шилежето со 118.000 наспрема 90.000. Разлика од 28.000 гласа.

Дури и иститот тој Шилегов на најнаместенетите избори во историјата на државата, кои требаше и беа „ветер во едра“ за СДСМ за промена на името, го „победи“ Коце со 29.700 гласа разлика, т.е. 141.272 VS 101.470 гласа.

Ѓорѓиевски и покрај бојкотот на ВРЕДИ и новокомпонираната анти-ВМРО коалиција СДС/ДУИ/ЛЕВИЦА, победи со 6.000 гласа повеќе од  Данела и 5.000 повеќе од Шилегов. 34.000 повеќе од Амар.

Да, Левица на контото стави повеќе гласови од оние за советници во цела Македонија, така што бројката е далеку од реална и е гол резултат на лутината на СДС и ДУИ, кои поради полтиките на ВМРО-ДПМНЕ гушнати галопираат кон пасокизација. Кон историја. Поточно кон буништетот на истата.

Подобар беше само Коце Трајановски контра Јани Макрадули во далечната 2013-та, кога го прегази со 56.000 гласови разлика. Рекордна бројка, во корист на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, се разбира…

Сакале да признаат опозиционерите или не (поверојатно второто), ова е голема победа на избори за градоначалник за Град Скопје.

Уште една од многуте (54 на број) потврди за добрите политики на власта, која заедно со коалиционерите има неверојатни 64 општини.

Народот вели дека ако козата лаже, рогот не лаже. Исто е и со бројките. А пред аргументите и Боговите молчат. Тоа не важи само за коалиционерите од Левица/ДУИ/СДСМ….