БИТОЛА: Дедо го застрелал поранешниот зет, откако тој му влегол дома со мачета да ја нападне ќерка му

/ 21.02.2022

Убиство ја потресе утрово Битола кога татко бранејќи ја својата ќерка од насилството на поранешниот сопруг го застрелал зетот.

Убиениот рано утрото упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и и се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал на лице место. Според полицискиот извештај, екипата на Итната медицинска помош само ја констатирала смрт. Убиениот пред извесен период се вратил од одлежување на казна затвор и ѝ бил добро познат на полицијата со дебело криминално досие.

-Денеска во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Ѓ. (62) од Битола затоа што околу 05.55 часот во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С.(44) од Битола, кој починал на местото. Според пријавеното, претходно С.С. со употреба на сила влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т.Ѓ, која е негова поранешна сопруга, стои во извештајот на СВР Битола.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. (А.Б.)


Од истата категорија