Атлетичари и атлетичарки од десет држави, меѓу кои четворица македонски натпреварувачи, денеска ќе настапат на Балканското првенство во полумаратон, чиј домаќин е Битола.
Организатор на 10. јубилејно Балканско првенство е Атлетската федерација на Македонија (АФМ), а полумаратонската трка во машка и женска конкуренција во должина од 21 километри низ улиците на Битола ќе се одржи во рамки на Градската атлетска трка „Трчај бе“.
Од македонските претставници во женска конкуренција ќе настапат Адријана Поп Арсова и Миљана Ристиќ, додека во машката полумаратонска трка ќе учествуваат Дарио Ивановски и Атанас Таско Анчевски.