Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, денеска и утре го реализира вториот уписен рок за студенти бруцоши, а можност за студирање во новата академска година имаат уште 1.874 кандидати.
Најмногу слободни места има на Технички факултет-Битола каде за сите струки и насоки огласени се 328 места, а голем број слободни места за упис има и на Факултетот за информатички и комуникациски технологии-ФИКТ каде може да се запишат 303 студенти.
Од УКЛО-Битола информираат дека во вториот уписен рок на Технолошко-техничкиот факултет во Велес може да се запишат уште 60 студенти, на Економскиот факултет во Прилеп слободни се 174, а на Факултетот за туризам и угостителство – 207 места.
Индекси за идни бруцоши има за кандидатите кои ќе одлучат да студираат на Правен факултет каде се огласени 165 места, на Факултетот за безбедност во Скопје слободни се 155, а на Педагошкиот факултет во Битола – 151 место.
Втор уписен рок се организира и на факултетот за биотехнички науки каде слободни се 118 места, на ветеринарниот факултет има 34, а на Високата медицинска школа слободни за упис се 179 места.