Обединувањето на раководни структури на Интегра и ВМРО-ДПМНЕ единствено го осуди СДСМ затоа што претставува неуспех на нивната политика и платените инсталации да предизвикаат процеп на опозициското ткиво.

Ова се нагласува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Очигледно работите стануваат јасни дека Зоран Заев станува осамен во неговата фотелја опкружен со климаци на глава кои го потхрануваат неговото его и го залажуваат дека народот јаде колачи кога нема ниту за леб. Заев може да биде добар Барон Михаузен но не и народен лидер. Окрупнувањето на опозицискиот блок значи дека власта е на стаклени нозе и прашање на време е кога Заев ќе падне а мафијата ќе одговара. Распределбата на првиот и вториот ешалон на владините ресори потврдува дека криминалците од СДС и ДУИ ги интересира само пари, власт и тендери, додека народот осиромашува, се вели во соопштението.