Иницијативниот одбор за зголемување на пензиите на битолските пензионери, на вечерашниот протестен митинг на плоштадот Магнолија, покрај барањата за одредување на минималната пензија од 18.000 денари и линеарното зголемување од 3.500 ден. побараа оставка од министерката за труд и социјала, Јована Тренчевска, како и комплетното раководството на Здужението на пензионери Битола, Новаци и Могила.

Притоа беше истакнато дека Иницијативниот одбор за зголемување на пензиите нема да се откаже од протестите и дека ќе протестираат секој вторник на плоштадот Магнолија се до исполнувањето на нивните барања.

Во врска со барањата не пензионерите од протестниот митинг со соопштение до јавноста денеска попладне се обрати Извршниот одбор на Здружението на пензионери Битола, Новаци и Могила.

Во соопштението се нагласува дека во врска со протестите на пензионерите со ниски пензии Извршниот одбор на Здружението на пензионери Битола, Новаци и Могила,заедно со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и другите членки ги поддржа барањата на пензионерите во делот за донесување на минималната пензија и одредување на висината, но тоа да биде реална, финансиски издржана и во рамките на институциите и законот, без да го наруши пензискиот фонд и редовното исплакање на пензиите.