Владата со одлука на минатонеделната седница му ја одзеде дозволата за одгледување на канабис за медицински цели на Фарма Медика Канабис, каде што, според претходни медиумски објави, сопствеништво имаат братучедите на поранешниот македонски премиер Зоран Заев – Бобан Заев, Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева.
Како што објави порталот Фактор, компанијата од Валандово од 18 октомври има одлука за „престанување на важењето на одлуката за давање согласност на решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство и трговија Фарма Медика Канабис Доо Валандово“.
Одлуката стапила на сила од 22 октомври. Се уште не е објавена на сајтот на Владата како точка на дневен ред, но соопштена е во „Службен весник“. Фарма Медика Канабис лиценца за одгледување на канабис од Владата добила во 2018.
„Со оваа одлука престанува да важи Одлуката за давање согласност на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштво за производство и трговија Фарма Медика Канабис ДОО Валандово 2. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на РС Македонија”, објавено е во Службен Весник.
Целиот текст во ФАКТОР.