Дали вистината за поврзаноста на СДС со производителите на нелегална марихуана полека излегува на виделина и веќе се потврдува преку нивните изјави, прашува во својата анализа порталот Курир.

Денеска, портпаролката Кузеска на Бихаќка прејудицираше дека граѓаните наводно „ќе плателе за оваа медиумска пропаганда“ на власта, јасно кажувајќи го ставот на СДС (читај Заев) дека тие си произвеле што си произвеле 41 тон, а можеби и 100 тони, ама „целосно“ легално, а власта демек ги користи за медиумска „пропаганда“, како што неслучајно вели Богданка во најновата офанзива за одбрана на марихуанџиите и каљање на Владата која, само замисли, се дрзна да ги разоткрива криминалите на врхушката на СДС.

Застана и зад нивата „легалност“, која ја потенцираше во прашањето „Дали сите фирми се нелегални? Тоа ли го порачува Мицкоски?!“, повторно инфантилно бранејќи ги „плантажерите“ блиски до фамилијата на нивниот вистински стопан и лидер. Неофицијално, 2/3 од фатената нелегална марихуана се во сопственост на лица блиски до муртинската екипа. Туку, од каде Кузеска знае дека тие се легални, кој тоа и го кажал? Знае ли нешто што другите не го знаат?

И така, Фројд повторно проговори кај Богданка или кај оној кој и го пишувал соопштението:

„Дали сите фирми се нелегални? Тоа ли го порачува Мицкоски?! 

 Што ќе се случи ако компаниите побараат отштета?

Колку ќе чини оваа медиумска пропаганда, која на крајот ќе ја платат граѓаните.“ срочи Богданка во име на Венко, другарче и чувар на тронот на Заев.

А, од каде знаат СДС и Богданка дека „компаниите ќе побараат отштета“?

Од прва рака од сопствениците на плантажите ли?

Или тоа им го кажал лично Заев?

Дали ова беше очекувано од чуварот на тронот Филипче, одбрана на криминалци наспроти државата?! Ќе протестираат ли наскоро во одбрана на плантажерите кои ќе ги претстават како политички затвореници, затворени заради тоа што биле про Заев и про СДС, а не дека произвеле нелегални 40 или 100 тони канабис?

Не би ве изненадило, нели?

И каде е ЗЗ? Зошто не е во Македонија?

Онака, за другарче прашуваме…

Извор: Курир