Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, по средбата со косовскиот бизнисмен Шкелќим Деволи, посакал за себе душек произведен во Косово.

Бизнисменот Деволи се сретнал со Трамп во Флорида, каде што разговарале за зголемување на економската соработка помеѓу Косово и САД.

Деволи, акционер на Деволи корпорејшн, му се заблагодарил на Трамп за неговата посветеност кон Косово, изразувајќи длабока благодарност за историската поддрршка на САД кон албанското прашање воопшто.

Деволи го запознал поранешниот претседател на САД за пробивот на Деволи корпорејшн на американскиот пазар, што придонесло за зглемување на извозот од Косово во САД во последните две години.

Посебно внимание се посвети и на производната палета на Комодита Хоум, по што Трамп, посакал за себе душек со ознака Made in Kosovo.

При тринеделниот престој на Деволи во САД се сретнал и со неколку американски конгресмени и сенатори.