Министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер и градоначалничката на општината Чрна на Корошкем, Романа Лесјак.
На средбата која се одржа денеска во Министерството за одбрана, министерот Мисајловски заедно со амбасадорот Прескер и градоначалничката Лесјак разговарале за важноста за унапредување на соработката и сојузничката поддршка при кризни состојби како и за нивни заеднички активности.
Од страна на градоначалничката Лесјак, ни беше доделена плакета за благодарност за несебичната помош и поддршка за министерството за одбрана и македонските армиски припадници при справувањето со поплавите во општината Чрна на Корошкем. Со јакнење на сојузништвото ја зацврстуваме соработката, стабилноста и безбедноста, во Македонија и во регионот, објави Мисајловски.