НБА кошаркарите ќе изгубат околу 1 процент од платата за секој натпревар откажан поради коронавирусот.

Редовната сезона беше запрена на 11 март поради пандемијата. „Бличер репорт“ известува дека sвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, на пример, би можел да изгуби повеќе од 400.000 долари за секој натпревар што не се игра.

Џејмс потпиша договор за 4 години, вреден 153,5 милиони долари во летото 2018 година.