Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во периодот од 15 до 20 ноември ќе ги посети Кенија, Нигерија и Сенегал, соопшти прес-службата на американскиот Стејт департмент.
Посетата „ќе ја нагласи длабочината и широчината на односите со африканските партнери“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.
Темите за кои американскиот секретар планира да разговара се „завршување на пандемијата и обнова на поинклузивна глобална економија, справување со климатската криза, ревитализација на демократијата и промовирање на мирот и безбедноста“.