Американскиот државен секретар Ентони Блинкен упати честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија.
Во честитката, Блинкен ја истакнува поддршката на САД за натамошно разивање на партнерските односи, за просперитет и интеграција на земјава во ЕУ и за промоција на владеењето на правото.
– Во име на Соединетите Американски Држави, му честитам на народот на С. Македонија на прославата на 32 години од независноста. Соединетите Американски Држави ја поддржуваат С. Македонија во спроведувањето на реформите за интегрирање во Европската унија и воспоставување уште посилни односи со соседните европски земји. С. Македонија направи големи чекори за да обезбеди просперитет на сите нејзини граѓани додека се соочува со глобалните предизвици, а ние стоиме со вас во вашите напори да го промовирате владеењето на правото. Со нетрпение очекуваме да го зајакнеме нашето партнерство со С. Македонија и да ги унапредиме нашите заеднички демократски вредности во годините што доаѓаат, се наведува во честитката од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, што ја објави Стејт департментот.