Израелскиот министер за наследство Амихај Елијаху изјави дека палестинските цивили во Појасот Газа треба да бидат изгладнети до смрт, јави Анадолија.
Во разговор за телевизијата Канал 7 во Израел Елијаху рекол дека е потребно бомбардирање на складиштата за гориво и храна во Појасот Газа.
Според него, треба да продолжи ембаргото за хуманитарна помош за Газа, а доколку влезе хуманитарна помош, „таа ќе им наштети на израелските заробеници и војници наместо да го ослаби непријателот“.
Алудирајќи на палестинските цивили, Елијаху изјави: „Штом ќе им се отежнат условите, тие ќе му се отежнат и на Хамас“ и додаде дека не гледа проблем во бомбардирањето на складиштата за храна и гориво во Појасот Газа.
– Треба да умрат од глад. Ако има цивили што се плашат за своите животи, тие треба да го спроведат планот за миграција, рекол Елијаху, пренесе Анадолија.
Приближно 2,3 милиони Палестинци се борат со глад во Појасот Газа, каде што Израел го запре влезот на хуманитарна помош на 2 март, а подолг период пекарниците не работат поради недостиг на брашно и гориво.
Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) на 4 мај објави дека во регионот се одвива „невидена хуманитарна катастрофа“ во време кога израелската целосна блокада на Газа трае веќе деветта недела.
Фото: ЕПА