Србија и Косово се единствените земји во регионот со блок тарифи за струјата. Во Србија се применува над 15 години, Косово новиот модел ги воведе во февруари годинава. Црна Гора има блок тарифи само кај еден од 4 понудени пакети, а Албанија планира да го воведе. По најавата на Регулаторна дека се размислува граѓаните кои трошат повеќе да плаќаат поскапо, експертите збунети. Додека не го видат новот модел не сакаат да дадат изјава, но коментираат дека – вака како што е претставен е многу збунувачки, со многу недостатоци и нејаснотии, на штета на граѓаните, анализира ТВ Сител.
Во Србија има зелена, плава и црвена зона. Во зелената влегуваат потрошувачите кои најмалку трошат – до 350 киловат часови месечно, во плавата од 350 до 1,600 а во црвената над 1,600 киловат. Блок тарифите важат и за евтина и во скапа потрошувачка, со тоа што разликата меѓу скапата и евтина цена е 4 наспроти 1, односно скапата чини 4 пати повеќе од евтината.
Кај нас соодносот е 2/1, односно скапата е со двојно повисока цена.
Во Косово има 2 блока – до 800 киловат часови и над 800 киловат месечно потрошена електрична енергија. Соодносот меѓу скапа и евтина е како кај нас, 2-1. Албанија размислува да воведе блок тарифи, со 2 зони – до 700 киловати часови една и над 700 втора зона. Во Црна Гора универзалниот снабдувач нуди 4 пакети, основен, плав, црвен и зелен, а блок тарифи има само кај плавиот, каде потрошувачите кои имаат двотарифно броило користат една цена до 150 киловати во скапа и 150 во евтина тарифа. Над таа тарифа, плаќаат повисоки цени.
Првиот човек на Регултарна соопшти дека се крои нов правилник, но не знае дали ќе има 3 или 4 зони, ниту до која потрошувачка би биле опфатени граќаните. Сепак, уверува, дека ќе бидат заштитени тие што ја користат оптимално.
Она што е сигурно е дека од 1 јули сите домаќинства ќе плаќаат електрична енергија по повисоки цени, без разлика во која зона ќе влезат. Пресметките, каде се бара зголемување на цената, дел од компаниите ги доставија до Регулаторна. Колкаво ќе биде покачувањето ќе се знае во јуни.