Врховниот судски совет на Бугарија го избра Иван Гешев за главен обвинител на земјата, и покрај критиките во јавноста.

Врховниот судски совет вчера со 20 гласа „за“ и четири „против“ го избра Гешев за седумгодишен мандат, кој во моментов е заменик главен обвинител.

Гешев (49) беше единствениот кандидат, што предизвика негодување кај дел од јавноста поради сомнението дека изборот е „наместен“.

Стотици демонстранти подоцна со часови ја блокираа една од главните крстосници во центарот на Софија, предизвикувајќи сообраќаен хаос. Тие тврдат дека корумпирани политичари и олигарси стојат зад изборот на Гешев, со цел да им се гарантира дека нема да им се суди во иднина. 

Протест се одржува и денеска, а дел од демонстрантите беа примени од Кабинетот на претседателот Румен Радев за да ги изложат своите барања. Радев се уште не е запознат со мотивите за протестот бидејќи не е во Бугарија