Христијан МИЦКОСКИ

Неспособноста на Заев и Филипче да набават вакцини руши рекорди. Блумберг направил анализа и интерактивна мапа за следење на процесот на вакцинација до сега. Македонија е на 118 место од 122 држави. На дното од дното. 5 место, но од назад. Срамота и греота!

Кога ја читаат анализата низ светот ќе мислат дека сме држава во субсахарска Африка, затворени и изолирани од светот, а не држава во срцето на Европа чиј сосед Србија на истата таа листа е во врвот со 2 милиони вакцинирани и скоро 30% од населението имунизирано.

Пред нас се сите. Албанија, Бугарија, Грција, а да не зборуваме и за Хрватска и Словенија.

Заев, Филипче, добро бе луѓе, нели ви е срам кога се читате на Блумберг, заради вас државата ни е за потсмев. Македонија е на дното по број на вакцинирани, полоши од нас се само Египет, Уганда, Св. Хелена и Екваторијална Гвинеја.

И Црна Гора и Словенија и Луксембург и Малта и многу други држави се или помали од нас или со иста големина, а веќе имаат десетици или стотици илјади вакцинирани.

Не може за цел свет да има вакцини, само за нас да нема! До вас е! До Заев и Филипче! И вие ги носите на совест сите заболени и починати од јануари наваму, тоа се луѓе кои немаше да заболат или починат ако ја набавевте вакцината на време. И за нивната мака ќе одговарате! Ќе одговарате за тоа што им го направивте животот пекол!