Анализирајќи го пазарот по најавата за спојување меѓу двете најголеми германски банки „Дојчебанк“ и „Комерцбанк“, магазинот Блумберг оценува дека спојувањето нема да ја врати довербата кај доверителите во таа банка.
Со спојување ќе се направи чекор кон воспостауввање своевиден германски банкарски шампион, „но тоа би било како да споите две мисирки, со надеж дека двете заедно ќе летнат“-коментира магазинот, притоа мислејќи на тешкотиите во работењето кое го имаат двете најголеми банки.
Блумберг потсетува дека цената на акциите на „Дојчебанк“ бележи пад од 41 отсто веќе една година нанзад, односно акциите на „Комерцбанк“ во истиот период потонале за 24 остсто.
И покрај најавите за спојување, акциите на „Дојчебанк“ и натаму паѓаат, а на минатонеделните тргувања тие паднале за 1,8 проценти.
Според информации на магазинот, претседателот на Надзорниот одбор на „Дојчебанк“, Пол Ахлајтнер, ги собрал најаважните менаџери, акционери и други заинтересирани за судбината на фианансиските институции за да ја им ја објасни идејата за спојување со „Комерцабанк“. Тој потврдил дека се разгледува можното спојување, но само како една од развојните опции на банката.
Со евентуално спојување во земјата ќе се создадат 2500 филијали, но и огромен вишок вработени, коментира Блумберг.