Имаме проект во завршна фаза што опфаќа трета лента на сите позиции каде се две ленти на патот Прилеп-Градско, а следен чекор е изградбата на автопатот Прилеп-Битола, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска беше на увид на рехабилитацијата на 19 километри на магистралниот пат Прилеп-Градско.
-Експресниот пат се работи во две фази од Градско до Дреново и Дреново – Фариш. Ова е третата делница на која моментално работиме на нејзината рехабилитација на постојниот патен правец. Имаме и проект кој привршува, а тој проект значи и проширување на трета лента на сите позиции каде што има две ленти и ќе започне во наредната фаза. Следен чекор е изградбата на автопатот Прилеп – Битола со што конечно ќе го заокружиме целиот овој регион како навистина обезбедување на патна инфраструктура за развојот на економијата во овој регион, но и во целата држава, рече Бочварски.
Инаку, во изминативе пет години на власт, „се изградија“ илјадници километри патишта и автопати, а од актуелната власт изигран е само еден чочек за готов автопат што го изгради претходната власт. Како што е познато, станува збор за чочекот за автопатот Демир Капија – Гевгелија. Додека автопатот од Кичево за Охрид и натаму се гради, а одамна требаше чочек и за него. Исто така повеќе години во најава е и автопатот од Скопје кон Блаце.