Со СДСМ се гради како никогаш досега, истакна на денешната прес конференција Благој Бочварски, министеро за транспорт и претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.
Интегрално го пренесуваме текстот од прес-конференцијата:
Во тек е имплементација на капиталниот проект за изградба и санација на локални патишта и улици во општините, со кој обезбедуваме подобра инфраструктура во општините и го олеснуваме животот на граѓаните.
Со 70 милиони евра директна помош за општините во наредниот период планираме да реконструираме околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини во државата.
Со првиот повик опфативме 17 општини и реконструкција на 27 улици со вкупна должина од 23,62 километри, вреден преку 4 милиони евра.
Активно работиме на реконструкција на улици во општините Карпош, Ѓорче Петров, Тетово, Кратово, Берово, Македонски Брод, Прилеп, Неготино и многу други, се градат улици и патишта како никогаш досега.
Во завршна фаза е вториот повик, за овој проект со кој започнува реконструкција на 35 улици во 21 општина, со вкупна должина од 35,5 километри, со вредност од околу 7 милиони евра, а во тек е подготовка на трет повик, со кој треба да се опфати реконструкција на дополнителни 60 километри локални улици.
На секоја општина за оваа намена на располагање и стојат од 500.000 до 2 милиони евра. Тоа се неповратни средства, со кои општините реконструираат улици и патишта, кои се приоритет за граѓаните од нивната општина.
До крајот на 2022 година очекуваме да бидат рехабилитирани меѓу 120 и 150 километри локални улици и патишта. Со овој проект, за изградба и санација на локални патишта и улици во општините го подобруваме урбаното живеење, обезбедуваме локален економски развој, безбедност во сообраќајот и подобра комуникација меѓу граѓаните.
СДСМ како одговорна партија со реализацијата на капиталните проекти директно влијае на економијата, го поттикнува економски раст, ја подобрува инфраструктурата и го зголемува квалитетот на животот на граѓаните.
Центар за односи со јавноста на СДСМ