Финансиските извештаи од целиот свет пред неколку години укажуваа на зголемување на јазот меѓу богатите и сиромашните и на последиците за општеството од тоа.
Додека целиот свет е насочен кон човечките жртви на пандемијата на Ковид-19 и процесот на развој на вакцините, економските стучњаци ширум светот изразуваат голема загриженост за, засега непредвидливите економски последици предизвикани од нарушување во многу деловни сектори. Сè ова не важи за најбогатите. Нивната цел е сè уште иста – беспоштедна трка за најуспешниот меѓу нив… И, има ли подобар показател за деловен успех од парите? Во тој поглед, апсолутен победник за 2020 година е сопственикот на „Тесла“ – Илон Маск.
Тој успеа најуспешно од сите да ја сврти во своја полза новата состојба околу коронавирусот и годинава го зголеми своето богатство за над 100 милијарди долари, што го смести на второто место на листата најбогати во светот.
На прво место е сопственикот на компанијата Амазон, Џеф Безос, а на третото – најпознатиот член на овој список – Бил Гејтс.
Маск го мина и познатиот инвеститор Ворен Бафет и многу други. Овој податок е уште поимпресивен кога ќе се додаде дека Маск беше „само“ 28-ми на листата со богатство од 32 милијарди во јануари годинава. Тој се покажа како вистински лидер, коментираат познавачи. Како претставник на новата, млада технолошка генерација, игнорирајќи ги сите негативни прогнози, направи чекор подалеку од сите други – тој го освои просторот со неговата компанија „Спејс-Икс“.
Сите предвидувања за успех и во иднина, засега, се на страната на Маск.