И оваа година го обележавме меѓународниот Ден на жената, борбено на улиците, објави потпретседателот на СДСМ и директор на Царинската управа, Стефан Богоев.

– Солидарни, маршираме заедно за достоинствена работа, за живот ослободен од насилство и еднакви можности за секоја жена во Македонија!
Заедно да ја продолжиме долгогодишната борба за рамноправност на секое место и во секое време!- напиша Богоев во објавата на неговиот профил на Фејсбук.

Тој во прилог објавува и повеќе фотографии од денешниот Осмомартовски марш на жени и мажи од СДСМ во Кавадарци.

Паролите „борба и борбено на улиците“ се несоодветни и збунувачки, ако се има предвид дека СДСМ е долго на власт, па за правата на жените можел да се бори во институциите. И нејасно е како власт против кого се борат за повеќе права на жените!?

Исто така, од фотографиите може да се видат озарени лица на функционери и функционерки на партијата, но не и „борбено на улиците“ во Кавадарци.

(Д. Г.)