Трендот што започна пред неколку денови во Хрватска, потоа и во Црна Гора, а имаше најава и во Босна и Херцеговина, продолжува и во Македонија, каде преку социјалните мрежи се праќа повик за бојкот на продавниците има и во нашата земја.
Организаторите повикуваат граѓаните в петок 31 јануари 2025 година да се воздржат од купување и користење услуги на маркетите, со цел да испратат јасна порака до одговорните за оваа економска состојба.
„Повикуваме на масовен бојкот в петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања“, гласи пораката што се упатува на социјалните мрежи.
Пораката за бојкотот, која на социјалните мрежи се споделува со фотографија, гласи: „Попусто попусти, кога цените се исти“.