Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер нема да оди на Зимските игри во Пекинг во февруари, јави ДПА.
Соединетите Американски Држави и Австралија најавија дипломатски бојкот на Олимпијадата во знак на протест против кинеското нарушување на човековите права. Но, спортистите сепак ќе присуствуваат.
Германија не го нарече неприсуството на Штајнмаер дипломатски бојкот, како што побараа некои политичари во Германија.
– Нема планови на германскиот претседател да патува во Пекинг, изјави портпаролката на претседателот за телевизијата АРД. – Меѓутоа, немаше таков план ниту пред САД да ја објават својата одлука, рече таа..
Претседателот е главно церемонијален шеф на германската држава, додека вистинската власт е во рацете на канцеларот.