Денеска сакаме да зборуваме за нешто што е најважно за секое семејство, за платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните. Економските резултати се мерат со бројки. А бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, платите и пензиите растат значително побрзо. Ајде да направиме директна споредба, рече Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
– Во јуни 2017 година, кога СДС дојде на власт, просечната плата изнесуваше 22.800 денари. До мај 2024 година, таа порасна на 41.250 денари. Тоа значи дека за 84 месеци, односно за седум години, просечната плата се зголемила за нешто над 18.400 денари, во просек, тоа е раст од околу 220 денари месечно. Сега да видиме што се случува со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше околу 40.900 денари, а во мај 2026 година достигна над 49.500 денари. За само 23 месеци, просечната плата е зголемена за околу 8.600 денари. Тоа е просечен месечен раст од над 370 денари, односно околу 70% побрз раст, во споредба со периодот на владеење на СДС и ДУИ, вели таа.
Но разликата не се гледа само кај платите, таа е уште појасна и поголема кај пензиите.
-Во јуни 2017 година, просечната старосна пензија изнесувала помалку од 15.300 денари. Во мај 2024 година таа достигнала над 22.900 денари. Што значи, за седум години, пензијата се зголемила за скоро 7.700 денари, односно во просек растела за над 9 денари месечно. Кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, просечната старосна пензија во јули изнесувала 22.850 денари, која во мај 2026 година достигна над 29.700 денари. Тоа е зголемување од над 6.800 денари за само 23 месеци, односно просечен месечен раст од околу 300 денари, што значи дека месечниот раст на старосната пензија во периодот на оваа Влада е околу 325% поголем во споредба на периодот на претходната влада на СДС и ДУИ, посочи Бојковска.
Ова е разликата меѓу политики што носат резултати и политики што остануваат само на зборови.
-Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е повисоки плати, повисоки пензии, повеќе инвестиции, повеќе работни места и повисок животен стандард за сите граѓани и во таа насока, уште попосветено ќе продолжи да работи, рече пратеничката.




