Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска информираше дека се инвестирани 12.800.000 денари за објектот на ОВР Ресен. Ова, како што рече, е дел од планот за квалитативно подобрување на условите за работа на полициските службеници.
Бојмацлиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски денеска беше во работна посета на Ресен, при што оствари средби со раководствата на ОВР Ресен и полициските станици за граничен надзор „Маркова нога” и „Стење”.
Како што соопштија од МВР, од страна на раководството на ОВР Ресен, Бојмацалиев и Тасевски беа брифирани за постигнатите резултати на оваа организациска единица при што истата беше оценета како поволна и без поголеми нарушувања на ЈРМ.
Бојмацалиев рече дека од вкупниот број на регистрираните кривични дела во 2023 година, со непознат сторител пријавени се 25 односно 20 проценти.
-Од делата пријавени со непознат сторител расветлени се 11 кривични дела со што е постигната ефикасност во расветлување од 44 проценти на годишно ниво, посочи Бојмацалиев.
Тој доде дека во текот на извештајниот период е расветлено и едно дело од 2021 година.
-Во текот на годината се работеше и по ОА „Гора“, така што извршени се вкупно 21 акциска и 46 контроли од редовно работење при што затекнати и одземени се вкупно околу 66,2 м3 огревно дрво за што се поднесени и шест кривични пријави по член 235 ст.3 , одземените дрва со записник за предавање на предмети се предадени на надлежни институции, рече Бојмацалиев.
Тој истакна дека како и во изминатите години интензивно се работеше и на превенција.
-Основната цел на превентивното работење во текот на 2023 година беше насочено кон граѓаните, со интензивирање на активности за создавање на подобра комуникација, развивање на партнерство и размена на информации, се работеше согласно принципот „Соработка на полицијата со заедницата“.При тоа беа реализирани тековните проекти на МВР, кои се однесуваа на овој принцип на работа, „Полицијата и граѓаните – заедн”, рече Бојмацалиев.
Тој изрази уверување дека вработените во ОВР Ресен ќе продолжат со несмален интензитет во полициското работење, со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период.
Фото: МВР