Бојан Јовановски – Боки 13 во судницата го испитува сведокот Ана Камчева, а двајцата доаѓаат во конфликт па судијката ги опоменува да се смират, пишува Република.
-Ве толерирам, премолчувам, за да не дојде до сцена, ама вие двајца си правите муабет, наместо испитување, реагира судијката Васка Николовска Масевска.
-Какви беа нашите средби?, ја праша Јовановски Камчева на што таа рече дека не се сеќава.
-Како што можев да видам вака помнењето добро ве служи, така што, ајде, кажете. Дали се сеќавате на вечерите организирани во вашата велелепна палата? Дали се сеќавате дека подготвувавте посебни вечери за мене, прашува Јовановски, но овие прашања не му се дозволени.
Тој го нарекува сопругот на Камчева „вашиот сакан и чесен сопруг”, а судијката повторно го прекорува дека дава квалификации.