Одговорете и на јавноста колку бизнисмени изрекетиравте уште пред да станете премиер со проектот ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА, кога ги пуштавте таканаречените бомби?!?! И тогаш селективно пуштавте бомби, оние бизнисмени што ви платија не ги пуштивте јавно и не ги предадовте нивните снимки во тогаш формираното СЈО!!! Сакате пример со доказ, еве ви пример, повелете… Лицето Силјан Мицевски, бизнисмен од Битола, наводно измамен од мене во случајот „Меѓународен сојуз“, но за тој случај ќе се објасниме во друга прилика. Бил прислушкуван и за него имало многу снимки од различен карактер. Вие стапувате во контакт со споменатиот Мицевски преку Александар Кирацовски и во име на партијата му барате пари за да не ги објавувате спорните снимки (па затоа објавувате само една, каде зборува со Чинговски за изборен процес). Во тоа име и по ваша изнуда и уцена споменатиот Мицевски во Струмица ви ги носи и предава првите 250.000 евра во кеш, демек помош за партијата и тоа е само почеток и прва транша и кеширање од страна на Силјан Мицевски, за останатите транши вие подобро си знаете и ќе мора да одговорите!, пишува Бојан Јовановски – наречен Боки 13 во денепноот писмо до Заев и продолжува:
За изнесеното има повеќе сведоци, но постои и материјален доказ во мојот телефон, каде лично Силјан Мицевски ми го кажува горенапишаното, во мојата канцеларија во директен разговор со мене. Во продолжение на разговорот вели дека џабе ги добива тендерите од РЕК Битола, кога мора повеќе да ви плати за добиените тендери, отколку што тој наплаќа од тендерот за ископи во РЕК Битола!!!
ВНИМАНИЕ!!!
Вашиот брат Вице Заев, откако Силјан Мицевски го добива тендерот во РЕК Битола, веднаш стапува лично во контакт со него, на средба во Битола и веднаш му бара пари поради добиениот тендер во РЕК Битола. Средствата во милионски износ вашиот брат Вице му ги бара на Силјан веднаш пред да биде исплатен добиениот тендер! Знаете за ова, господине Заев, така нели?! Јас сум живиот сведок на примопредавање на кеш пари (стотици илјади евра) од страна на Силјан Мицевски кон вашиот брат Вице Заев во просториите на Меѓународен сојуз. Лицето по име Кире кое ги земаше парите во кеш во два наврати возеше бело ауди со струмички таблици и беше играч на вашиот брат Вице Заев и вие одлично го познававте тоа лице!!!
Силјан Мицевски во една прилика ми вели, цитирам: „Овие се без усул, поиќе ми зедоа него што треба да наплатам”!!! Еее па Зоране и оваа изговорена реченица ја има во мојот телефон како материјален доказ, како и се друго што наведов и што ќе наведам во ова отворено писмо!
Вакви слични примери има со повеќе лица и компании, добро знаете каде и кого се пустошевте како што милувате да кажете ЗА ТИЕ ПУСТИ ПАРИ! А да, Силјан му даде и на Александар Кирацовски, тогаш генерален секретар на СДСМ, едно убаво плико полно со евра како знак на благодарност за тендерската документација и за позитивната одлука на тендерската комисија. Го уништивте човекот! И потоа јас сум рекетирал и сум земал пари, срам ве било!!!, вели Јовановски.
Целата содржина на писмото подоле: