Сите кажаа доколку немаше поддршка од Влада и не доаѓаше Кирацовски, Фросина Ременски, Стефан Богоев, не се јавуваше Зоран Заев да комуницира со нив, да се јавува на Наташа Петроска од Битола, немаше да биде ништо од тоа. Јас без нивната поддршка не сум можел ништо од тоа да направам. Па тоа беа луѓето кои што закажуваа состаноци и кај таа Наташа Петроска, и кај покојниот градоначалник во Охрид, поради тоа што Силјан требаше да гради и во Охрид и во Битола, истакна Бојан Јовановски познат како Боки 13 во вчерашното емитување на поткастот на Лазаров.
Јовановски додаде дека и на крај целиот товар се свали на него. Тој нагласи дека тој со сите тие луѓе до денот на неговото апсење беше во комуникација со нив.
„Зошто ги менуваа исказите? Ги менуваа по една пресија, која што пресија ја прави Сања Лукаревска, директорката на УЈП. Е, сега замислете средства нема уплатено на Меѓународен сојуз, не знаат како они да стигнат до уште поголемо сатанизирање на мојот лик, дело, уште поголемо угнетување на мене и мојата фамилија, и они ги праќаат инспекторите од УЈП да влезат во телевизијата, во Меѓународен сојуз. Не може ништо да најдат и мене ми доаѓаат во притвор и ме малтретираа и тоа една Лидија и еден Албанец“, појасни Јовановски.
Тој посочи дека го малтретирале на мртво. Го приморувале да потпише записници за непостоечки работи кои што тој не ги знае.
„Ми вршеа психичка тортура. Замислете јас сум економски неук човек. Значи на човек кој што е неук во струката, ти му претставуваш некакви си записници, а немам право во моментот да побарам било каква супервизија од стручно лице“, рече тој.
Јовановски укажа дека Лукаревска го обвинувала дека не платил данок за карти за концерт, демек имало 4-5 милиони денари за карти, а таму имаше едвај 100-200 карти продадено.
„Сања Лукаревска денес е потпретседател на СДСМ, во мое време додека и требав на Сања Лукаревска знаеше да гостува во телевизија, да биде афирмативна, да ме прибира таму во канцеларијата нејзина, да ми доаѓа на гости, да гостува кај Ацо Кабранов. Значи да биде онака мед и млеко. Кај Сања Лукаревска има скандал од 800 илјади евра кои што Силјан Мицески дојде да ги пријави поради тоа што исто сакаа да му стегнат ваква кривична пријава за затајување на данок за РЕК Битола и му бараа 800.000 евра, а тоа беше во мое присуство. Тука сум личен сведок на таа ситуација, за да му биде повлечена пријавата и записникот од некаква си ревизија и да биде променет. И сето тоа го знаеше Сања Лукаревска. И за ова имам докази“, нагласи Јовановски.
„Таа беше машата како Силјан Мицески и Ардијан Амзески ги менуваа исказите од тоа не сме оштетени, немаме што да пријавиме, не се чувствуваме оштетени и измамени. Во денот кога они даваа искази пред Русковска, во тој момент им влегува инспекција од УЈП под диригентска палка и диригенција на Сања Лукаревска во координација со Заев“, укажа тој.