Бојан Јовановски во продолжение од денешното рочиште преку фотографии изведени во досегашниот тек од процесот ги дава завршните зборови, пишува 24 Инфо.Тој меѓу другото рече дека предметот бил исконструиран од Орце Камчев со помош на бугарски служби и дека не е јасно зошто не е гонет за шпиунажа.
-На 2 април лани Орце Камчев се сретнал со тогашниот премиер, Зоран Заев во присуство на бугарски агенти блиски на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и му рекол дека има докази против мене. Дури и го снимал Заев. Знам дека е така и оти рекол “ќе му ебам матер на педерот и на дебелата”. Ден потоа мене ми се јави Заев и побара да ги “разгледаме доказите” рече Боки.
Тој тврди дека Заев му рекол дека бил налутен на Јанева оти отворила предмет Империја против Сашо Мијалков и Орце Камчев.
-Прашуваше како може Јанева да отвора случај против Камчев кој имал тројца пратеници, а Мијалков и повеќе пратеници кои можат да му донесат гласови за референдумот. Сведок сум дека им се ветуваше на двајцата олеснување во постапката за да влијаат врз пратеници да се изгласа промена на Уставот, рече Боки.
Според Јовановски, предметот против него бил да се отргне вниманието од тие работи, а немало никакви докази. Затоа не се вештачи неговиот мобилен.
– Па каде се парите кои наводно сум ги зел од Камчев? Па Камчев никому пет пари не дава, а не пак на мене милион евра за да излезе од притвор. А Рускоска еднаш ми побара чевли од Италија кога преку Ватсап се слушнавме во Белград, каде случајно се погодивме, но не се видовме а јас и реков дека ќе одам во Италија, рече Боки.
Според Инфомакс, средбата која што се случила помеѓу Зоран Заев и Јордан Камчев е на 02.април, а Камчев го снимал и Зоран Заев и за тоа и се фалел.
-Мојот телефон не се вештачи, затоа што не треба да се види мојата комуникација со Сашо Мијалков. Затоа што Зоран Заев тогаш многу сакаше да соработува со Мијалков за помош во врска со референдумските прашања. Требаше да го снимаме Мијалков и тој да помогне.
Како и кога е пуштен Мијалков знаете? Пуштен е во сабота со решение на судија на претходна постапка Весна Димишкова. Таа судијка тогаш ја бараше Гордана Дувњак која истражуваше како е пуштен Мијалков, и и кажа дека била повикана веднаш да дојде во судот од страна на претседателот Џолев за да го пушти Мијалков од притвор.
Каде се парите?
Вилма Русковска е поврзана со криминал од милиони евра. Првиот случај е со Мирослав Атанасовски од Бардовци, второто е поврзано со Дејан – рекол Бојан Јовановски.