Претседателот на Боливија Ево Моралес денеска објави дека ќе распише нови претседателски избори откако Организацијата на американски држави (ОАД) објави извештај во кој се вели дека резултатите од минатите избори, за кои тој беше избран за четврти мандат, треба да се поништат поради нерегуларности.
Моралес исто така најави дека ќе ги замени членовите на изборниот одбор, кои беа критикувани по изборите на 20 октомври.
Моралес синоќа повика на итни разговори со опозицијата поради повеќенеделните немири што ја зафатија земјата, и побара и од папата да се вклучи во разговорите.
Во немирите до сега загинаа три лица, а повеќе од 300 се повредени.