Одделението за интензивна нега во болницата „Папа Јован XXIII“ во Бергамо, за првпат од почетокот на епидемијата, почната на 23 февруари, нема пациенти со Ковид-19, соопшти денеска болницата.

Одделнието за интензивна нега цели 137 дена имало пациенти кои страдале од Ковид-19.

Бергамо беше и меѓу италијанските градови и региони што се најпогодени од епидемијата, пренесува Анса.

Во екот на кризата болницата во Бергамо во исто време имаше и до 100 пациенти на респиратори.